Полициски службеници од криминалистичката полиција во содејство со полициската станица од општа надлежност Битола вчера ги лишиле од слобода М.Ј. и Ј.Б., двете лица од Битола.
При претрес извршен со наредба од Основен суд Битола во дом и помошни простории кај М.Ј. од Битола, биле пронајдени и одземени амфетамин, три дигитални ваги со остатоци од дрога, рамка од пиштол наполнет со осум куршуми, 79 куршуми од непознат калибар, 35 маневарски куршуми, грутчеста материја, пакет со распрскувачки капси за сигнален пиштол, соопштија денеска од МВР.
Ккао што информираат од МВР, малку подоцна, приведена е и Ј.Б.(34), бидејќи по преземени мерки и активности е утврдено дека е поврзана со пронајдената дрога при претресот.
Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави по член 396 (Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи) и по член 215 (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори) од Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.