На социјалните мрежи беше објавен апел за помош, откако исчезна Драгана Јордановска, која последен пат од дома излегла околу 13.30 часот на 28 јули во село Булачани.

На 29.07.2023 во 11.30 часот А.Ј. (33) од с.Булачани пријавил дека неговата сопруга Д.Ј. (28) на 28.07.2023 околу 13.30 часот од непознати причини си отишла од нивниот дом и со себе си земала свои лични работи, а на 29.07.2023 во 06.30 часот во кујната пронашол писмо кое истата го оставила во кое пишува причини поради кои заминала, соопшти МВР.

Пријавителот појаснил дека не е прв пат Драгана да го напушти домот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.