Полицијата за граничен надзор „Охридско Езеро“ интервенирала за спасување при ситуација со превртување едрилица во езерските води.

Интервенцијата следувала на 31 јули, откако околу 17:45 часот во СВР – Охрид било пријавено за превртен пловен објект во водите на Охридското Езеро кај Дебрчка плажа.

Околу 18 часот пловниот објект е пронајден два километри од брегот и утврдено е дека станува збор за превртена едрилица – катамаран на која имало три лица.

Како што информираше Стефан Димовски, портпаролот на СВР – Охрид, лицата на возраст од 53, 50 и 49 години, сите од Скопје, се пронајдени во непосредна близина, во добра здравствена состојба, без повреди, а според нивниот исказ причина за незгодата бил силен ветер.

Екипите на Езерската полиција го вратиле превртениот катамаран во пловна состојба, а лицата се пренесени на копно, до сместувачкиот објект.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.