Синдикатот на Полиција во Македонија (СПМ) до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против лицето Н. Б., кој во моментот на сторување на делото бил работно ангажиран како командир на ПС ОН Крушево, заради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело “лажно пријавување на кривично дело“ по член 366 од Кривичниот законик.
Како што наведуваат од синдикатот, постои основано сомнение дека пријавениот Н.Б во својство на службено лице – командир на ПС ОН Крушево, во времето на вршење на служба, пријавил кривично дело „Оддавање на службена тајна“, за кое воопшто немало ниту едно битие дека е сторено.
-Злоупотребувајќи ја службената положба како командир на ПС ОН Крушево на ден 20.03.2024 година, Н.Б. пријавил едно кривично дело „Оддавање на службена тајна“, иако знаел или требало да знае дека на ниту еден начин е сторено пријавеното дело, ниту пак има елементи и битија потребни за да биде сторено, а сето тоа го сторил на начин да стори штета на Синдикат на Полиција во Македонија. Бараме одговорност и од началникот на ОВР Крушево кој со пропуштање на должен надзор или на друг начин очигледно несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности, му дозволил на пријавениот лажно да пријави кривично дело, а притоа му нанел штета на правното лице Синдикат на Полиција во Македонија, стои во соопштението од СПМ.
Од синдикатот прашуваат како е возможно командир на полициска станица да нема елементарни основни познавања во полициското работење и сето тоа на штета на угледот на Министерството за внатрешни работи. Воедно, ја повикуваат внатрешната контрола во МВР, по допрен глас да го истражи наведеното и против посочениот раководител – командир да преземе мерки за негово разрешување од позицијата командир на ПС ОН Крушево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.