Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, во контролите во областа на сообраќајот на територија на град Скопје, изрекол вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции.

Како што соопшти МВР, изречени се и 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол и 11 мерки за некористење сигурносен појас.

Од МВР, најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот на патиштата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.