Мајка пријавила син за агресивност, оштетување покуќнина и пожар во соба и затоа лишен од слобода бил жител на неготинско село, информираа денеска од СВР Велес.

Вчера во 15.15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(27) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 50-годишна мајка дека агресивно се однесувал кон неа, оштетил дел од покуќнината и предизвикал пожар во една од собите. М.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Секторот за внатрешни работи.

СВР Велес соопшти дека подоцна во 20 часот, било пријавено дека во продажен објект во Неготино, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 23 – годишник од село Тимјаник, Неготинско и 35-годишна неготинка. По документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Истовремено, во ОВР Неготино, 39 – годишен од село Челевец, Демиркаписко, пријавил дека на плоштадот во Демир Капија бил физички нападнат од жител од село Бистренци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.