Силниот ветар во Охрид откорнал кров од зграда на улица АСНОМ. Покривот оштетил три стана во друга зграда, а уништил и неколку дрва.

Дел од лимениот покрив е паднат и врз автомобил.

Од „Охрид1.мк“, од каде објавија за паднатиот кров, прашуваат кој и како ги гради овие згради.

Како што велат од „Охрид1“, ова не е прв пат да летне кров  во Охрид и потсетуваат дека ваквов случај имало и пред неколку години кога кров летна од болницата, но и од салата од Основно училиште.

 

Инаку како што објавивме силниот ветар откорна бор кој падна на управната зграда на Општата болница, а на улицата Ристо Чадо падна бандера.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.