На 17.02.2023 околу 12.10 часот на граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода Т.Ј.(24) од с.Негорци, гевгелиско и Н.И.(26) од Гевгелија. При контрола извршена од царински службеници во патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.Ј., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени околу 5 килограми марихуана. Притоа, Т.Ј. се обидел да побегне, но набргу бил фатен од полициски службеници. Лицата биле предадени на Царинската управа за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.02.2023 во 14.30 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Б.(36) од Штип. Тој бил осуден на 20 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде имал за доиздржување 7 години и четири месеци од казната. Исто така, тој бил баран и поради сомнение за извршена тешка кражба во куќа на бул.„Партизански одреди“ во Скопје. Притоа, кај него биле пронајдени предмети за кои постои и сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.02.2023 во 22.10 часот на ул.„Караорман” во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода С.М.(38)од Битола. Тој бил баран по централна и меѓународна потерница за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.