Осумгодишно детенце и неговиот татко биле спасени утрово околу 10 часот од пожар кој избувна во зграда на улица „Трифун Хаџиманев“ во скопска Автокоманда.
Според првичните информации пожарот кој најверојатно е предизвикан од грејно тело настанал во детска соба, каде во моментот се наоѓало 8-годишно детенце кое било спасено од неговиот татко кој се здобил со полесни повреди.
Благодарение на брзата интервенција на пожарната која според соседите на местото на несреќата пристигната за помалку од две минути, пожарот бил изгаснат, а причинета е само материјална штета.
Семејството во моментов е згрижено кај роднини, а градоначалникот на општина Гази Баба, но и соседите на семејството најавуваат финансиска помош за санирање на штетите на станот каде избувна пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.