Банална тема во споредба со агресијата на Украина и хуманитарната катастрофа, но по Скопските паркинзи дрски крадци во текот на ноќта крадат катализатори на возила. Наводно катализатор од постаро бензиско возило се продава на црно 150+ евра. Ја подигаат колата и со брусилица на батерии хируршки прецизно ја сечат издувната гранка. Мене ми се случи ноќта помеѓу 3ти и 4ти март. Во сервисот ми кажаа дека сум 4ти дента со ист проблем. Не пријавив во полиција, но на овој начин сакам да ги известам граѓаните и МВР за оваа безбедносна закана. Ако колата ви звучи ко трактор и не влече, веднаш одете во сервис за ауспуси☺. Мора веднаш да се спречат ваквите банди, полицијата мора да патролира навечер, дека наскоро ќе почнат да ни вадат бубрези по улица, пишува на Фејсбук, Ѓорѓи Лазаревски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.