Вчера во 12.55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Ф.О.(21) од с.Долно Строгомиште, кичевско и автобус „ивеко“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.Б.(56) од с.Грешница, кичевско.

Во несреќата, возачот од возилото се здобил со тешки телесни повреди, а возачот на автобусот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.