Вчера во 07.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Василево, струмичко, Г.Ц.(64) од село Василево, управувајќи товарно возило „форд транзит“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во ограда.

Лекар од Медицински центар Струмица констатирал смрт кај возачот, кому му се слошило и починал пред ударот. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.