Двајца скопјани биле приведени бидејќи агресивно се однесувале кон полициски службеници.

На подрачјето на Ѓорче Петров, Скопје, од полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров бил приведен скопјанецот Т.С., на возраст од 45 години, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

 

На 20 април во 09.35 часот на подрачјето на Чаир, од полициски службеници од Полициската станица Чаир, бил приведен скопјанецот К.С., на возраст од 32 години, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.