Во 09.30 часот од страна на РЦУК Прилеп е известено за случена сообраќајна незгода во близина на с. Вашарејца – Битола. Превртена е цистерна со плин.

Известени се ТППЕ Битола којашто прати 4 пожарникари со 1 ПП возило, а МВР Битола се веќе на терен.

Возачот на камионот е лесно повреден и е пренесен во клиничката болница во Битола од страна на Итна медицинска помош.

За подигање на цистерната се чека механизација.

Инаку во полиција пријавата е евидентирана утринава во 06:45 часот, а било пријавено излетување на цистерна на патот А3, и дека нема штети и нема излевање на плинот, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.