Утрово избувна сериозен пожар на отворено меѓу Лозово и Велес, каде што гори претежно квалитетна борова шума. Еден хеликоптер од МВР после ангажманот и дејството врз пожарот кај село Кондово, ќе интервенира и кај Велес, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

Околу 11 часот ќе полетаат и двата противпожарни авиона „ер трактор“ од ДЗС.

Пожарникарите од Велес интервенираат на пожарот на отворен простор помеѓу селата Иванковци и Мамутчево во Општина Велес и кај село Милино во Општина Лозово. На терен дејствуваат 17 пожарникари со четири ПП возила, заедно со екипа на ЈП Национални шуми, подружница Бабуна и екипа пожарникари од Свети Николе.

Во текот на вчерашниот неделен ден противпожарните тимови интервенирале на 52 пожари на отворен простор, некаде заеднички – здружени од повеќе општини и институции, а и со помош од месните жители, како и со воздухопловна поддршка од ДЗС и МВР.

Утрово активни пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица, Велес и Кондово.

И во Општина Куманово се уште е активен пожарот кај село Шупли Камен, што во неколку наврати е повторно активиран, каде што гори ниска вегетација и стрниште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.