Рано утрово во 02.48 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив на лекарски преглед се јавиле И.Е.(22) и А.Е.(18) од с.Арачиново, скопско и А.А.(20) од Скопје.

Според полицискиот билтен на 26.02.2022 околу 22.00 часот во с.Арачиново, по претходна вербална расправија и нарушени семејни односи со И.Е., неговиот роднина Р.Е. со огнено оружје испукал кон патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле И.Е., А.Е. и А.А., но, според пријавеното, никој не бил повреден од пукањето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.