Полициската станица Драчево добила пријава на 09.05.2022 во 11.22 часот дека на брегот на реката Вардар во село Зелениково, скопско било пронајдено тело на женско лице.

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за Г.Н.(71) од с.Банско, струмичко.

„Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција“, соопштија од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.