Повеќе пиштоли, муниција и бела прашкаста материја пронајдени се при претрес кај триесет и осумгодишен скопјанец.

Од МВР соопштија дека полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиена судска наредба за претрес на дом и други простории, извршија претрес кај Т.Ч. (38) од  Скопје.  

При претресот пронајдени се пиштол марка „берета“, пиштол марка „гризли“, 20 куршуми кал.6,35, сигнален пиштол со муниција за истиот и воздушна пушка, кои лицето ги поседувало без дозволи.  Исто така, за време на претресот пронајдени се една грутка и една паковка со бела прашкаста материја и вага со остатоци од бела прашкаста материја, се наведува во полициското соопштение.

Т.Ч. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.