Пронајден е пожарникарот на ТППЕ- Штип кој исчезнал додека се гаси пожарот на планината Серта кај штипското село Селце. Пилотите кои го гаснат пожарот од воздух го забележале во непристапен терен.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека имало и обид со сајла да се извлече, но поради ветерот и лошата здравствена состојба на пожарникарот, оваа акција е стопирана, а со пожарникарот останал припадник на специјалната полициска единица.

Во моментов кон местото се упатени неколју штипски пожарникари и ловци кои го знаат теренот. МИА во петокот, на 6 октомври информираше дека има голем пожар на планината Серта и гори нискостеблеста шума во непристапен планински терен

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.