На 07.10.2023 во 19.25 часот на регионалниот пат Р-1311 Битола-Маково, во близина на с.Новаци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.П.(47) од с.Добрушево- општина Могила, и патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ж.Т.(51) од с. Долно Оризари, битолско.

-Од страна на лекар во Клиничката болница Битола, на сопатниците во возилото „опел корса“ М.М.(58) од Битола и С.К.(48) од с.Логоварди, битолско им биле констатирани тешки телесни повреди, додека на двајцата возачи и малолетна сопатничка во возилото „голф“ им биле констатирани телесни повреди, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.