Денеска (06.01.2022) во 03.00 часот во с.Маково, општина Новаци, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода Т.Т.(38) од с.Маково. Тој бил баран по потерница од Казнено-поправната установа Затвор Битола за доиздржување затворска казна.

Тој бил предаден во Казнено-поправната устаноца Затвор Битола за доиздржување на казната затвор. На 05.01.2022 во 14.20 часот во с.Слатино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода М.Љ.(47) од с.Слатино. Тој бил баран по потерница од Основен суд Тетово за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 206 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. На 05.01.2022 во 21.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле А.А.(23) од Радовиш. Тој бил баран со потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување затворска казна. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.