На 05.01.2022 во 22.30 часот на бул.„Маршал Тито” во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода С.С.(33), Н.В.(28) и С.В.(34), сите од Виница. При претрес во домот и возилото на С.С., извршен со судска наредба, како и претрес во возилото на Н.В., во кое се превезувале тројцата, биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.