Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи приведоа жител од село Косоврасти поради физички напад врз неговата сопруга.

– Во ОВР Дебар, приведен е Н.М.(49) од дебарското село Косоврасти. Тој, на 08 и 09 август 2022 година, во семејниот дом, бил агресивен и физички ја нападнал неговата сопруга. Во нивниот семеен дом, увид извршија полициски екипи – изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Според него, по целосно документирање на настанот, против Н.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ова е втор случај на пријава на семејно насилство во последните два дена.

Претходно полициски службеници го приведоа С.Б.(67) жител на Дебар кој во семејниот дом физички ја нападнал неговата ќерка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.