Во врска со пријавено кривично дело „самовластие“ по член 392 став 2 од Кривичниот законик, пријавено на 8 август 2022 од страна на Ф.С., новинар од ТВ Клан, а сторено од А.М.Б., вработена во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во просториите на претпријатието, преземени се соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, информира денеска МВР.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, превземени се мерки и активности за документирање на кривично правниот настан, при што на 09.08.2022 во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје повикана е А.М.Б., која го одземала мобилниот телефон на оштетениот Ф.С. и со неа е извршен службен разговор во врска со пријавеното кривично дело. Исто така, на 09.08.2022 година во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје повикан е С.К., вработен во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, кој бил присутен за време на настанот, се наведува во соопштението на МВР.

По извршената консултација со ОЈО Скопје, информираат од МВР, против А.М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.