Денеска (24.06.2022) во 12:20 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода С.Љ.(27) од с.Грчец, скопско.

Тој бил баран со потерница за спроведување истрага и за него била определена мерка притвор поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.