Полициски службеници од ОВР Кавадарци синоќа околу 19:00 часот, го лишиле од слобода М.Н.(34) од Кавадарци.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја – информираат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.