На наплатна станица „Сопот“ во Велес вчера во 16:45 часот од полициски службеници од СВР Велес се лишени од слобода Б.С.(27), Н.Д.(22) и М.М.(25) сите од Кавадарци.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во извршен преглед врз нив и возило „голф 4“ со кавадаречки регистарски ознаки, во кое се превезувале, како и по извршен претрес во нивните домови во Кавадарци, биле пронајдени и одземени солзавец, бела грутчеста материја, марихуана, пиштол „застава“, рамка со еден куршум калибар 6.35 мм, осум куршуми, два ловни патрони, пневматска пушка, пневматски пиштол калибар 4.5 мм, два ножа, солзавец.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.