На 02.02.2023 во 19.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Р.(28) од Куманово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 350 грама кокаин и две дигитални ваги.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.