Двајца мажи со тешки повреди се пренесени во болница, откако во нив налетало возило, во две одделни сообраќајни несреќи во текот на вчерашниот ден.

Прво во 18.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе – Куманово, товарно возило „ивеко“ со српски национални ознаки, управувано од М.М.(75) од Република Србија, удрило во пешакот С.М.(47) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово, а извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Подовна во 21.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Јажинце–Тетово, во с.Доброште, патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(60) од с.Стримница, тетовско, удрило во С.Р.(42) од с.Доброште, тетовско.

И во оваа несреќа пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово, а извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.