Три лица се тешко повредени во текот на вчерашниот ден откако врз нив налетале возила.

Првата несреќа во полиција е пријавена во 18.55 часот – во Гостивар на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки управувано од К.Б. (40) од Тетово удрило во С.С.(57) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа ОВР Гостивар.

Во 19.20 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Антон Попов“ патничко моторно возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Н.(25) од Скопје удрило во А.О.(29) од с.Форино, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во 20.15 часот било пријавено дека во Куманово на крстосницата од ул.„Железничка“ и ул.„Индустриска“ патничко моторно возило „сеат толедо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(36) од с.Черкези, кумановско удрило во К.М.(77) од с.Гошинце, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.