Ноќва во 1 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Челопек, тетовско, патничко возило „фолксваген лупо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(25) од с.Челопек, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.