Двајца криминалци барани со потерница вчера се уапсени во Тетовско.

Прво полициски службеници на СВР Тетово околу 14 часот и 30 минути на локалниот пат за тетовското село Требош го привеле 35-годишниот М.А. од Требош, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на едногодишна затворска казна за сторено „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ казниво по член 300 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната, велат од тетовската полиција.

Околу 22 часот и 50 минути, пак, на крстосница од улица „Видое Смилевски-Бато“ со улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 34-годишниот К.М. од гостиварско Дебреше, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на затворска казна од 2 години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, велат од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.