Вчера во 09.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 05.30 часот на ул„АСНОМ“ во с.Чешиново, мотоцикл „хамачи“ без регистерски таблици, управуван од Н.А.(20) од с.Соколарци излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општата болница Кочани, велат од МВР, додавајќи дека извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.