Вчера во 13.16 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.М.(31) од Швајцарија, со живеалиште во Кичево и четирицикл управуван од малолетник од с.Махмудовци, кичевско.

По несреќата малолетниот возач и неговиот малолетен сопатник биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.