Пожар избувнал кај депонијата во скопската населба Ново Лисиче денеска околу 13 часот, а по интервенцијата на противпожарните служби е ставен под контрола.

Пожарот е редуциран, противпожарната служба интервенираше со три возила и сега е надвор од опасност за ширење, информираа за МИА од Противпожарната бригада на Град Скопје.

Со пожарот, како што посочија, се зафатени сува трева и стари гуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.