Вчера во 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Карев“ и ул.„Св.Прохор Пчински“ во Скопје, патничко возило „гранд чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Ф.(37) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.А.(61) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.