На територијата на СВР Битола денеска во сообраќјна полициска контрола од 8 до 14 часот изречени се санкции за 91 возач за брзо возење.

-Од вкупно 91 возач, 65 ја пречекориле брзината во населено место, а 26 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР укажува дека засилените акциски сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.