Во Културно-информативниот центар, во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола, утре (14 мај) во 12 часот ќе се одржи портрет на поетот Веле Смилевски.
За творештвото на Веле Смилевски ќе зборуваат Милица Радевска и Симона Ристевска, а музичката придружба е на Влатко Симоновски и Тамара Василевска. Стихови од творештвото на поетот ќе читаат гиманзиски ученици од средното училиште „Таки Даскало“, кое утре го одбележува својот патронен празник.
Веле Смилевски основно и средно образование заврши во Битола. Годинава се одбележува неговиот јубилеј 75 години живот и 50 години творештво. По тој повод неодамна, во рамките на годишната програма на министерството за култура, излезе од печат избор од неговото творештво под наслов „Кула Вавилонска“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.