Секторот за внатрешни работи Скопје во контрола на сообраќајот вчера во Скопје изрече 206 казни, од кои 35 за возење со брзина поголема од дозволената.

Како што информира МВР, 42 казни за прекршоци што ги прават пешаците, 11 санкции за возење без возачка дозвола, седум за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за непрописно престројување на возила, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР укажува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.