На 5/6 март 2022 во временскиот период од 23.30 до 01.30 часот, по претходно изготвен план од страна на полициски службеници од Полициската станица за општа надлежност Битола и Отсекот за криминалистички работи Битола во координација со Државен пазарен инспекторат, спроведена е акциска контрола во објект лоциран во индустрискиот дел на Битола, во хала, изнајмена за организација на музички настан, соопштија денеска од МВР.

При контролата затекнати се пет малолетници под дејство на алкохол, а И. П. (18) од Прилеп е лишен од слобода по чл. 215 од КЗ затоа што кај него пронајдени се марихуана и екстази. Од страна на Државниот пазарен инспекторат констатирани се неправилности при што објектот е затворен, а по документирање на настанот ќе следат соодветни пријави, соопштуваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.