Поголема сума на пари и недозволени предмети беа пронајдени денеска при претреси во Казнено-поправната установа Идризово, информираа од МВР.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, денеска спроведе координирана полициска акција во Казнено-поправната установа Идризово Скопје. Во насока на превентивно делување, како и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи, а како резултат на продлабочената меѓуинституционална соработка, извршени се претреси во КПУ Идризово, сѐ со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.