Двајца полициски службеници и тројца кумановци се повредени во сообраќајна несреќа што е случи вчера пред 22 часот на „Нагорички сокак“ во Куманово, соопшти денеска полицијата.

(фото: Твитер)

Вчера во 21.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од деветнаесетгодишниот А.И.од липковското село Матејче, и патничко возило „шевролет спарк“ сопственост на МВР.

(фото: Твитер)

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во општа болница Куманово, соопшти полцијата.

(фото: Твитер)

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.