Телевизија Алфа објави дека Љупчо Палевски Палчо, од Македонија пребегал во Белград, од таму во Истанбул, а од таму пак стигнал во Минск – Белорусија.., Според Алфа, потерницата е објавена откако тој стигна во Белорусија.
Палчо имал карта за Минск, па лекувањето во Белград и Истанбул се всушност аеродромите каде тој треба да стигне до Минск. Тој имал работа во Минск поврзана со партијата и го планирал патувањето. Тоа го знаат луѓето блиски до него, велат во прилогот на Алфа телевизија.
Кривичниот суд вчера на предлог на скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот, којшто е посочен како организатор и реализатор на убиствата.
За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела – Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода, стои во соопштението од Јавното обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.