Автомобил од марката „опел“ удрил во малолетник во скопски Аеродром. Според последните информации потврдени од полицијата, пешакот е повреден и пренесен во болница. Засега нема информации за здравствената состојба на повреденото дете.

Незгодата се случила околу 13 часот на улицата „Симеон Кавракиров“ во близина на новоизградената деловно-станбено зграда Порта Аеродром.

Полицијата врши увид на лице место за да се утврдат причините за несреќата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.