Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднело обвинение против градоначалникот на Струга, Рамиз Mерко за злоупотреба на службената положба според член 353 став 3 од Кривичниот законик.

Обвинението е поднесено пред три дена во Кривичниот суд во Скопје. Обвинението се однесува за контроверзната набавка на „аудито“ со што е нанесена значителна штета на општинскиот буџет.

Ова денеска го соопшти шефот на тоа обвинителство, Ислам Абази, на брифинг со новинарите. Тој нагласи дека обвинението е по иницијативата на Антикорупциската комисија. Максималната затворска казна за ова дело е пет години.

Рамиз Мерко се наоѓа на црната листа на САД поради корупција. Тоа е прво обвинение за луѓе кои се наоѓаат на црната листа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.