Ноќва околу полноќ во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул. „Борка Талески“ во Прилеп, патничко моторно возило со непознати регистарски ознаки удрило во З.С.(53) од Прилеп и го напуштило местото.

По несреќата пешакот З.С. бил пренесен во Градската болница „Борка Талески“ Прилеп каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР-Прилеп.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.