Вчера околу 11,40 часот било пријавено дека на ул.„Каменичка“ мотоцикл „хонда“, управуван од И.К.(20) од Македонска Каменица изгубил контрола и излетал од коловозот, по што И.К. испаднал од моторот, а моторот удрил во патничко моторно возило „рено лагуна“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(47) од Делчево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.К, кој на пат кон болница починал. Од страна на лекар од итна медицинска помош констатирана е смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Делчево.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.