На 2 јануари, околу 3 часот и 10 минути, во Маврово, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле М.Р.(19) и Т.А.(18) од Скопје, кои биле пријавени од скопјанецот Н.Ќ.(18), дека пред угостителски објект бил физички нападнат.
Во исто време, приведени се С.Е.(18) и Г.Х.(19), исто така, од Скопје, кои се однесувале агресивно кон полициските службеници додека преземале службени дејствија и ги приведувале нивните другари М.Р. и Т.А.
По целосно документирање на случајот против пријавените ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.