Полициски службеници на СВР Тетово на 1 јануари во 16 часот го лишиле од слобода 32- годишниот тетовец З.Ј., кој претходно бил пријавен од неговата 36-годишна сопруга дека во куќа во тетовско село, каде престојувале, физички ја нападнал и ѝ се заканувал.

При лишувањето, од З.Ј. била одземена ловечка пушка со 45 куршуми, сопственост на неговиот дедо. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.