Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата информираa дека попладнево со еден армиски хеликоптер МИ-8/17 и исфрлени пет тони вода, се интервенираше во локализирање на пожарот кој е присутен во околината на Армискиот полигон „Криволак“, поточно на неговиот краен источен дел во близина на месноста „Орлово брдо“.
Како што наведуваат од Министерството за одбрана и од ГШ, во моментот пожарот е со мал интензитет со линија на протегање од 700-800 метри и поради слабиот интензитет на ветрот нема зафатено поголема површина на западната страна на „Орлово брдо“.
Армиските и инфраструктурни објекти од особено значење се на безбедно растојание од 5-7 километри воздушна линија од локацијата на пожарот и тие согласно армиските процедури дополнително се обезбедени и со инженериско уредени безбедносни противпожарни појаси во потребна широчина согласно проценките.
Армискиот хеликоптер кој дејствуваше во координација со припадниците на Армијата од АП Криволак доколку има потреба ќе интервенира утре во раните утрински часови.
Во текот на денешниот ден во утринските часови со пилотите од воздухопловниот ВИНГ интервенирајќи непрекинато 3 часа со исфрлени 42 тони вода во атарот на населеното место Богданци, со што беше спречено да се префрли пожарот кон населени места и помогна истиот да се стави под контрола, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.